Промени тема
Контакт

Тупанчески седна на маса со Кацарска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0075

Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, денеска оствари средба со министерот за правда, д-р Никола Тупанчески.

„На средбата беа афирмирани заемните заложби за владеење на правото и функционален правен систем, при што беа нотирани предизвиците, но и позитивните аспекти од промените коишто произлегуваат од носењето на интерните акти во Судот. Во таа насока, претседателката на Уставниот суд изрази загриженост за функционирањето на Судот со четири судии помалку од она што е предвидено во Уставот. И двете страни се согласија дека ова е прашање од врвен интерес за државата и заштитата на уставниот поредок и во најскоро време треба да биде решено.

— реклама —
— реклама —

Претседателката Кацарска го информираше министерот за правда за проблемите на Судот во смисла на просторното сместување, потребата од опремување на сервер салата, зголемувањето на кадровските капацитети, како и потребата од законско уредување на материјалниот статус на уставните судии и вработените во Службата на Судот.

— реклама —

Министерот Тупанчески ја афирмираше клучната улогата на Судот и се заложи за идна поредовна соработка и поддршка со вложување максимални напори за зајакнување на капацитетите на оваа институција. Во тој контекст, беа разменети мислења за пристапот до целосна функционална и финансиска независност на Судот преку компаративни примери од европските земји. Исто така, министерот најави поддршка преку ИПА 3 со кој е предвидено зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Судот преку поддршка за измени на Деловникот на Судот, обуки и студиски посети на судиите и стручната служба и подобрување на ИТ инфраструктурата на Уставниот суд“, велат од судот

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања