Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Турција бара потерница за Нетанјаху, тој го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
netanjahu

Турција побара од Интерпол да издаде меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во рамки на истрагата поврзана со пресретнувањето на хуманитарната флотила која пловела кон Газа.

— реклама —

Турскиот министер за правда Акин Ѓурлек изјави дека барањето се однесува на нападот врз активистите од хуманитарната флотила „Глобал сумуд“, која превезувала помош за Газа. Тој порача дека Анкара ќе ги искористи сите средства што ѝ стојат на располагање согласно националното и меѓународното право.

— реклама —

Турција претходно издаде потерници по Нетанјаху и други високи израелски функционери под обвинение за „геноцид“ поради дејствувањето на Израел во војната против Хамас во Газа. Израел категорично ги отфрла овие обвинувања.

Од кабинетот на Нетанјаху остро реагираа на потегот на Анкара и го нападнаа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, оценувајќи дека Турција се обидува да ја прошири својата конфронтација со Израел и во Сирија.

— реклама —

Израелската страна порача дека нема да дозволи, како што наведуваат, обиди на Турција за дестабилизација на регионот и закани за неговата безбедност.

Најавата за новото барање до Интерпол е уште еден знак за влошувањето на односите меѓу Израел и Турција, кои дополнително се заострија по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година и последователната војна во Газа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

Експлозија во рудник во Турција: Двајца загинати, петмина повредени, еден рудар заробен

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarygp36cng7f7ccabLAA14

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува потрагата по исчезнатите

Свет | пред 1 седмица

nafta-696x465-1

Турција ќе набавува дизел според спорниот договор меѓу САД и Русија

Свет | пред 1 седмица

media-library1h6g6r9i9054bZZn0Sr

(Видео) Поплавите ја погодија Турција, четири лица загинаа, тројца се водат како исчезнати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања