Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Турист во Грција казнет со 250 евра поради користење СУП даска без елек за спасување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
media-libraryi5jtkos6c636esnSUov
фото: unsplash

Сѐ повеќе туристи летово избираат да уживаат на море со СУП даска (Stand Up Paddle), но оние што престојуваат во Грција треба да бидат особено внимателни, бидејќи непочитувањето на правилата може скапо да ги чини.

— реклама —

Таков случај е забележан на островот Лемнос, каде што турист бил казнет со 250 евра откако при контрола било утврдено дека користел СУП даска без задолжителен елек за спасување. Настанот се случил на плажата Аи Јанис, а според грчките прописи, оваа опрема е задолжителна за секој што управува со ваков вид пловило.

— реклама —

Грчкото законодавство предвидува низа обврски за корисниците на СУП. Освен што мора да носат елек за спасување, тие треба да знаат да пливаат, а користењето на даската е дозволено само за лица постари од 15 години. На една даска смее да се наоѓа само едно лице.

— реклама —

Дополнително, не е дозволено веслање на повеќе од 500 метри од брегот, ниту користење на СУП по зајдисонце или во услови на невреме. Корисниците се должни да одржуваат безбедно растојание од капачите, бидејќи секое нивно загрозување или вознемирување претставува прекршок.

— реклама —

Контролите се спроведуваат на плажите низ цела Грција, а инспекциите не се ограничени само на СУП даските, туку опфаќаат и друга опрема за рекреативни водни активности. Поради тоа, туристите се советуваат однапред да се информираат за локалните правила за да избегнат високи парични казни за прекршоци што лесно можат да се спречат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 14 часа

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања