Утрово на својот фејсбук профил се огласи и Сузана Турунџиева која исто така беше во Истанбул заедно со Атиџе Муратова, па многумина мислеле дека и тие биле во автобуот кој изгоре на автопатот во Бугарија.
“ Утрово како никогаш до сега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди. Атиџе и јас сме добри и безбедни. Ви блегодариме за грижата. Многу не потресе веста за големата трагедија во која настрадаа наши и странски државјани и искрено сочувствуваме со семејствата на настраданите. Бог да им дава сила да ги издржат овие тешки денови“, вели Турунџиева, која овие денови беше во Истанбул со Атиџе.