Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Турски државјанин баран за убиство во Македонија уапсен на граничен премин во Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR
Фото: ФБ / МВР

Турски државјанин на возраст од 31 година, баран со меѓународна потерница поради сомнение за вмешаност во убиство во Македонија, бил уапсен при обид да влезе во Албанија.

— реклама —

Според информациите од албанската полиција, лицето со иницијали Б.К. било идентификувано и приведено на граничниот премин Морина, за време на засилени проверки за пронаоѓање лица барани со меѓународни потерници. Акцијата била спроведена од граничната полиција во соработка со Интерпол Тирана.

— реклама —

Проверките потврдиле дека 31-годишникот го бараат македонските власти поради сомнение за учество во убиство. Потерницата била распишана врз основа на наредба од 27 октомври 2026 година, издадена од Основното јавно обвинителство Скопје.

— реклама —

По апсењето, специјализираните служби за истрага на тешки кривични дела при Полициската управа во Кукс ги започнале постапките за екстрадиција.

Албанскиот Интерпол, во координација со надлежните институции во Македонија, продолжува со процедурите за негово предавање на македонските власти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymq4e4hct6a5nf4hS35g

(Видео) Откриен и санкциониран скопјанецот кој со камион истураше градежен шут на зелена површина

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryv5rp0p9i7q99amaitxz

Дрога, дигитални ваги и пари пронајдени при претрес во дом во Велес

Македонија | пред 2 часа

media-librarymoi56gags4e9fDeie1C

Двајца дрвокрадци приведени во прилепско и крушевско, одземени нежигосани дрва

Македонија | пред 2 часа

media-libraryjohi0te5esv38xjd81v

Пријавени двајца полициски службеници: Во извештај внесле седум контролирани возила, а тие не биле запрени

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања