Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Турски комичар приведен по вирален стенд-ап настап

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-libraryorim3osqf2e43uDwkEa

Турските власти денеска го приведоа стенд-ап комичарот Дениз Ѓокташ, откако неговиот настап предизвика бројни реакции и пријави поради наводно навредување на верските чувства.

— реклама —

Според турската државна агенција „Анадолија“, Ѓокташ бил приведен на главниот аеродром во Истанбул по враќањето од патување во странство. Приведувањето следува неколку дена откако Обвинителството отвори истрага под сомнение дека јавно ги навредувал верските вредности.

— реклама —

Настапот, одржан минатиот месец во Истанбул, беше објавен на „Јутјуб“ и за кратко време собра милиони прегледи во Турција.

Провласниот весник „Сабах“ објави дека десетици гледачи поднеле пријави поради шегите поврзани со религијата, што довело до покренување истрага.

— реклама —

Во последните месеци турските власти отворија повеќе постапки против јавни личности поради нивни изјави или настапи оценети како навредливи. Критичарите на власта сметаат дека во земјата се стеснува просторот за слобода на изразување, додека властите тврдат дека постапуваат во согласност со законот.

— реклама —

Според локалните медиуми, претходно бил блокиран пристапот и до делови од настапот на Ѓокташ, објавени на социјалните мрежи, меѓу кои имало и шеги на сметка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd9tsornl7qob43Q5SHJ

Уапсен бискупот на Линколн поради сомнеж за сексуален напад

Свет | пред 4 месеци

— реклама —
media-libraryrdcpjq7imuphbcxNp4u

Хорор во Скопје: жена била силувана па уценувана, осомничениот се јавувал и кај жена му да донесе кокаин за да не ја убие жртвата

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-00.47.03

(Видео) Политички прогон во Србија – пратеник и активистка во притвор

Свет | пред 10 месеци

policija-1313

Тројца браќа и нивниот татко од Чаир нападнале полицајци по обид за пукање врз скопјанец

Скопје | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања