ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Тврдењата на Заев не се само оправдувања, туку и точни факти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-nova-vlada

Порталот „Вистиномер.мк“, изјавата на премиерот Зоран Заев која ја даде вчера ја оценува како вистинита:

— реклама —

… Должен сум да кажам дека и јас станав еден од оние што во изминатите неколку години се измамени од добро организирана структура. Тоа се структури што извлекуваат придобивки од нови облици, алатки и тактики за медиумска дискредитација и медиумско влијание, најчесто насочени против личности и земји со евро-атлантски аспирации. Тоа е еден од оние обиди за директна штета на нашите стратешки интереси да го завршиме процесот за нашето членство во НАТО. Тоа се добро организирани структури за ширење влијание во интерес на трети страни…

[Извор: ">Влада/Медија центар – прес на З. Заев (од 19.мин) – датум: 09.07.2019]

— реклама —

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Тврдењето на премиерот Зоран Заев дека нелегалните телефонски разговори со него се извршени од добро организирана структура, која и во минатото има користено нови тактики за медиумска дискредитација, најчесто насочени против личности и земји со евроатлантска аспирација, а во полза на трети страни, го оценуваме како вистинито.

Иако Заев не даде експликација за своето тврдење, докази за ова се наоѓаат во медиумскиот простор токму во Русија, матичната земја на двајцата измамници кои разговарале со Заев, претставувајќи се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Независниот руски весник „Москоу Тајмс“ (The Moscow Times) уште во март 2016 година објави сторија за двајцата „пранкери“, со симптоматичен наслов: Среќни да бидат оружје: Двајцата руски пранкери ги таргетираат противниците на Кремљ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања