Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Уапсен брачен пар во Австралија: Обвинети дека шпионирале за Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2021-09-18-at-16.32.03

Судот во австралискиот град Бризбејн објави дека руски брачен пар е приведен под обвинение дека шпионирале за Русија.

Кира и Игор Королев денеска требаше да се појават пред судот во Бризбејн, на првото судење за шпионажа врз основа на новиот закон воведен од поранешната австралиска влада во 2018 година, пишува австралискиот весник Бризбејн Тајмс.

— реклама —

Кира Королев не се појави на суд, а адвокатот Дилан Кер, кој го застапуваше комесарот на австралиската федерална полиција, поднесе итна апликација за суспендирање на пет имиња поврзани со случајот во интерес на националната безбедност.

Судијата Рос Мек ја одреди суспензијата и го одложи случајот за 20 септември.

— реклама —

Адвокатот на Короље пред судот изјави дека нема барање за кауција за неговиот клиент. Во текот на денешниот ден се очекува да се расправа за случајот со Игор Королев.

— реклама —

Австралиската обвинителка Рејчел Тејлор рече дека обвинението е „сериозно“ и побара случајот да се одложи.

Таа рече дека налогот за претрес бил извршен вчера. Кира (40) и Игор Королев (62) се родени во Русија и се уапсени и обвинети за шпионажа, односно за кражба на чувствителен материјал од австралиските одбранбени сили за разузнавачките служби на Кремљ.

— реклама —

Кира е припадник на австралиската армија, а нејзиниот сопруг е работник и тие дошле во Австралија пред 10 години.

Кира Королев добила австралиско државјанство во 2016 година, а Игор во 2020 година, пишува весникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryage971jd357l6uyNUBZ

Жена во Русија прогласена за мртва, два часа подоцна ја откриле жива во мртовечница – лекарот уапсен

Свет | пред 2 минути

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 3 часа

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 10 часа

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања