Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев – Обвинителството води истрага за корупција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library9t6q807lunus2D7UVvm

Актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Илија Стоилев, попладнево е уапсен, потврдија извори од истрагата.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) засега не даваат детали, но кусо информираат дека по налог на јавен обвинител, истражители од Истражниот центар при Обвинителството заедно со припадници на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државата, поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.

— реклама —

Илија Стоилев ја презеде функцијата директор на 26 јули 2024 година, а во јавноста е познат по својата изјава дека програмата ИПАРД 2 била реализирана со повеќе од 85%, по што, како што тврдеше, Европската Унија ја прогласила Македонија за лидер во регионот во искористување на европските фондови.

Во јуни годинава, Стоилев јавно посочи дека наследил сериозни проблеми од претходното раководство, откривајќи дека повеќе од 70 предмети биле нерешени, со рок за завршување до крајот на 2024 година.
Кога стапив на должност, се соочив со сериозен проблем — над 70 предмети беа нерешени, а рокот за кампањата истекуваше за неколку месеци“, изјави тогаш Стоилев.

— реклама —

Тој нагласуваше дека Агенцијата има обврска да ја спроведува исплатата на средства по владините програми преку Министерството за земјоделство, и дека исплатите мора да бидат поткрепени со реални докази и документација за извршени инвестиции.

Стоилев, кој пред назначувањето беше претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, сè уште не се огласил по повод апсењето, а Обвинителството најави дека деталите ќе бидат соопштени дополнително.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrrt0tv5svj655mVuorG

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 1 месец

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 1 месец

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања