Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Уапсен лажен доктор од Македонија во Врање – барал пари за „тешко повредени“ членови на семејство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, во соработка со граничната полиција во Македонија, го уапсиле С. К. (56), државјанин на Македонија, кој се сомничи дека се претставувал како доктор и земал пари од граѓани за наводно лекување на членови на семејството.

Се сомничи дека од 4 до 13 јуни оваа година, претставувајќи се како доктор од Македонија, телефонски контактирал тројца граѓани од подрачјето на Врање и им кажал дека нивни блиски членови на семејството се тешко повредени, со што ги довел во заблуда. Потоа, како што се сомничи, отишол на адресите на оштетените и од нив зел поголема количина пари.

— реклама —

На осомничениот, кој е уапсен по налог на Основното јавно обвинителство во Врање, му е одреден притвор до 48 часа поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело измама, и со кривична пријава ќе биде изведен пред надлежното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања