Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Уапсен Македонец во Тирана: Баран од Интерпол, осуден во Куманово, очекува екстрадиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
tirana-1

Албанските безбедносни служби информираа дека во Тирана е приведен 36-годишен државјанин на Северна Македонија, по кој биле распишани меѓународни и домашни потерници. Приведувањето е изведено во рамки на полициската акција позната како „Операција 73“, со што се отвораат процедури за негово екстрадирање во Македонија.

Според албанската полиција, лицето — идентификувано како Н.С. — се барало по пресуда на Основниот суд во Куманово, со која е осуден на двегодишна затворска казна за кривично дело поврзано со фалсификување валута.

— реклама —

Покрај тоа, 36-годишникот бил евидентиран како баран и од полициската управа во Драч, под сомнение за кривично дело „кражба“.

Случајот сега го презема Интерпол Тирана, кој во координација со надлежните органи во Северна Македонија ќе ја спроведе постапката за негово предавање на македонските власти.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања