Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Уапсен мексиканскиот наркобос „Ел Чапо Исидро“, САД побараа негова екстрадиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 20 минути -

Свет
media-librarytage3gttagdtbvQI5NF

САД побараа екстрадиција на мексиканскиот наркобос Фауст Исидро Меза Флорес, познат како „Ел Чапо Исидро“, кој беше уапсен во сојузната држава Синалоа. Барањето го потврди мексиканскиот министер за безбедност Омар Гарсија Харфух.

— реклама —

Меза Флорес, кој се наоѓаше меѓу десетте најбарани бегалци на Федералното истражно биро на САД (ФБИ), беше уапсен во петокот вечерта во операција на мексиканските воени сили. Заедно со него биле приведени и уште двајца лидери на неговата криминална организација.

— реклама —

Мексиканските власти сè уште не соопштиле дали ќе го прифатат барањето за екстрадиција. Според министерот за одбрана Рикардо Тревиља, во вооружените судири што избувнале при обид да биде ослободен наркобосот загинале 16 осомничени членови на криминалната група.

Во операцијата учествувале 361 припадник на армијата и 14 авиони, објави Ројтерс.

— реклама —

Според американскиот Стејт департмент, Меза Флорес и неговата организација повеќе од две децении шверцувале големи количества хероин, метамфетамин, кокаин и марихуана во САД.

— реклама —

Апсењето доаѓа во период на засилен притисок од американскиот претседател Доналд Трамп врз Мексико за поинтензивна борба против наркокартелите. Трамп се закани и со еднострана воена акција на мексиканска територија доколку неговата администрација оцени дека не се преземаат доволно мерки против криминалните групи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања