Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Уапсен најбараниот терорист на листата на ФБИ, „ловот“ траел повеќе од 20 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryh2lpce1l5bs257ZuMFn

Еден од најбараните терористи на листата на ФБИ, Даниел Андреас Сан Диего, кој повеќе од 20 години беше во бегство, може да биде екстрадиран од Велика Британија во Соединетите Американски Држави, каде ќе му се суди, пресуди денеска суд во Лондон.

Сан Диего (47) наводно извршил два бомбашки напада во Сан Франциско во 2003 година, а беше уапсен во ноември 2024 година на имот во рурална област покрај шума во Конви, во северен Велс, каде живеел под лажен идентитет како Дени Веб.

— реклама —

Препознатлива тетоважа на градите со натпис „It only takes a spark“ (Доволна е само искра) помогнала во неговата идентификација.

Тој е првиот терорист кој во 2009 година бил додаден на листата најбарани на ФБИ, заедно со починатиот лидер на Ал-Каеда, Осама бин Ладен.

— реклама —

Судијата Самуел Гузи во Магистратскиот суд Вестминстер во Лондон пресуди дека нема пречки за екстрадиција на Сан Диего, а конечната одлука ја носи министерот за внатрешни работи, што се очекува да биде формалност. Сан Диего има право да поднесе жалба на одлуката до Високиот суд. Тој се противеше на екстрадиција во САД, каде би можел да добие затворска казна до 90 години доколку биде осуден.

Неговите адвокати тврдеа дека не може да има правично судење „во Америка на претседателот Доналд Трамп“, каде „претседателот спровел чистка во Министерството за правда и поставил свои поранешни лични адвокати на позиции на кои се одлучува“.

Сан Диего првпат беше обвинет во Калифорнија во 2004 година за две кривични дела предизвикување штета со експлозив и поседување експлозив. Подоцна беа додадени нови обвиненија, вклучувајќи користење или носење експлозивна направа за извршување кривично дело. Бомбашките напади се случиле во Калифорнија на 28 август и 26 септември 2003 година, врз компаниите Chiron Biotechnology Corporation и Shaklee Nutritional Products Corporation, при што немало повредени.

Групата Револуционерни ќелии – Бригада за ослободување на животните ја презеде одговорноста за нападите, наведувајќи како причина врските на тие компании со компанијата Huntingdon Life Sciences, која активистите за права на животните ја критикуваа поради тестирање експериментални лекови врз животни.

Сан Диего исчезнал на 6 октомври 2003 година на транзитна станица додека ФБИ го следел кога го паркирал автомобилот во центарот на Сан Франциско. Повеќе не бил виден во живо, но било пријавено дека наводно бил виден повеќепати низ светот. За информации што би довеле до негово апсење била понудена награда од 250.000 долари. ФБИ наведува дека Сан Диего бил поврзан со екстремисти за права на животните, веган, познат по поседување пиштол и работел како експерт за компјутерски мрежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Тензии меѓу Иран и САД растат: Техеран обвинува за агресија и најавува воено зајакнување

Свет | пред 33 минути

— реклама —
media-library4p18jn9maob39SFldnK

Хиперсоничното оружје на Америка во фокус: САД размислуваат за распоредување на „Dark Eagle“ на Блискиот Исток

Свет | пред 4 часа

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Хамнеи со остри пораки: САД нема да ја гарантира безбедноста на регионот

Свет | пред 21 час

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп најави можно намалување на американските трупи во Германија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања