ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Уапсениот поради Кацарска: Ниту сум викал, ниту сум имал намера некого да допрам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ge

Македонецот Мајк В. Поп Гинов кој живее во Шведска, е лицето кое беше приведено за загрозување на сигурноста на уставната судијка Добрила Кацарска. Тој бил приведен откако и кажал „ќе одговарате“, но за „Скопје1“ тврди дека ниту викал, ниту имал намера да ја допре. Посочува дека сѐ се случувало во трговскиот центар „Рамстор“, каде случајно влегол откако бил на самитот „Македонија 2025“.

— реклама —

„Влегов во Рамстор каде што ме чекаа две блиски пријателки. Кога се приближив до нивното сепаре пред да седнам, приметив дека возрасна жена во соседното сепаре упорно зјапа во мене. Ја препознав ,тоа беше претседателот на уставниот суд Кацарска ,според мене една од нај корумпираните и лојални судии на квислингот Заев и ДУИ заради која големи Македонски синови се осудени на долгогодишни робии. Мојата пријателка Наде Дуклеска дури го одбрани магистерскиот труд по право на тема 27ми април елаборирајќи како е нарушено човечкото право на македонските уставобраниели. Најмалку што можев беше да и кажам: "ЌЕ ОДГОВАРАТЕ" по што си седнав во сепарето. Дотичната го викна личното обезбедување кои ми ги покажа беџовите на МВР со образложение дека ќе мора да ме идентификуваат“, вели уапсениот за „Скопје1“.

Тој е дециден дека намера за физичка пресметка ниту иимало, ниту има.

— реклама —

„Ниту сум викал, ниту сум имал намера некого да допрам.. дури мојата пријателка не ме слушнала што сум кажал, а беше по блиску до мене отколку Кацарска. Госпоѓата изгледа си ја има "мувата на капата" па паничеше без потреба. После разбрав дека пред 3 дена имала некаква закана ...па најверојатно поради тоа“, додава Мајк В. Поп Гинов за „Скопје1“.

Прашан зошто го направил чинот кон Кацарска, тој додава: „Мојата намера е да им се даде до знаење дека Македонија не им се плаши, сакаме правда и Европско судство. Корумпираните треба да одговараат“.

Посочува дека не е насилник.

„Во полициската станица бев задржан неколку часа, а еден од инспекторите помеѓу другото ме праша дали знам дека таа е трет човек во државата ,на што му одговорив дека секој треба да одговара пред законот подеднакво и никој не смее да злоупотребува државна позиција, напротив, одговорноста на државните функционери треба да биде поголема бидејќи се платени од граѓаните и треба да работат во интересот на Македонските граѓани. После некое време бев пуштен со напомена дека ќе бидам кривично гонет според член 144 став 4 . Ова го пишувам заради сите мои блиски пријатели кои беа загрижени заради лажните пишувања на многу соросоидни портали во кои се спомнува дека сум бил насилник, физички сум ја нападнал дотичната ,сум викал итн. Ги повикувам сите тие портали јавно да се извинат во спротивно утре поднесувам тужба!“, додава тој.

Настанот се случи во петокот, во центарот на Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања