Промени тема
Контакт

„Убер“ треба да плати 40 милиони долари на семејството на девојка оставена на автопат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library08dc5788k5frbbYZRjo
Photo by Erik Mclean on Unsplash

Компанијата „Убер“ треба да исплати 40 милиони долари, односно околу 34,8 милиони евра, на семејството на 23-годишната Емили Нормандин-Паркер, која загина откако, според одлуката во арбитражната постапка, возачот ја принудил да го напушти возилото на автопат во Калифорнија.

Несреќата се случила на 12 август 2023 година, кога Емили со пријателка нарачале возило на „Убер“ за да се вратат дома. Во текот на возењето, на нејзината пријателка ѝ се слошило и повратила во автомобилот. Според родителите, возачот потоа го запрел возилото покрај автопатот и ги оставил двете девојки, кои биле под дејство на алкохол.

Набргу потоа, врз Емили налетало друго возило и таа починала на местото на несреќата.

„Убер“ во постапката се бранел со аргумент дека возачот е независен соработник и дека компанијата не треба да сноси одговорност за неговите постапки. По петдневна арбитражна постапка, пензиониран судија одлучил компанијата да му исплати 40 милиони долари на семејството.

— реклама —
— реклама —

Адвокатите на семејството посочиле дека возачот Ву Тран не повикал помош откако ги оставил девојките на автопатот. Наместо тоа, застанал во близина, го контактирал „Убер“ и побарал од Емили да ѝ биде наплатен трошок за чистење на возилото.

Во образложението на одлуката, судијата Ричард Стоун оценил дека возачот покажал поголема грижа за својот автомобил отколку за патничките и дека можел да излезе од автопатот и да ги остави девојките на безбедно место.

— реклама —

Од „Убер“ соопштија дека сметаат оти арбитерот погрешил кога утврдил правна одговорност на компанијата. Од компанијата наведоа дека во изминатите години ги унапредиле безбедносните мерки и вовеле дополнителни упатства за возачите, особено во врска со оставањето патници на небезбедни места.

Според адвокатската канцеларија која го застапувала семејството, „Убер“ претходно понудил спогодба од 10 милиони долари, но под услов родителите да не зборуваат јавно за случајот. Тие ја одбиле понудата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања