Промени тема
Контакт

Убиениот полицаец во Хрватска бил шеф на криминалистичка полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryns6bvf54ri3s5Dnmckx

Шефот на Службата за криминалистичка полиција во Полициската управа Крапинско-загорска е убиен нешто по осум часот во кафе-бар во Крапина, по што напаѓачот се обидел да се самоубие.

Од Полициската управа Крапинско-загорска соопштиле дека маж (52) со огнено оружје го усмртил полицискиот службеник (52), кој во моментот на настанот не бил на должност, пренесува Index.hr.

— реклама —

Според достапните информации, убиениот и напаѓачот живееле како соседи во Крапина.

— реклама —

Како што дознава Index, убиен е шефот на Службата за криминалистичка полиција во Полициската управа Крапинско-загорска Роберт Грилец.

Портпаролот на полицијата Звонимир Лончар изјавил дека полицискиот службеник бил усмртен со огнено оружје, а дека напаѓачот потоа со истото оружје пукал во себе и со хеликоптер бил пренесен во Клиничката болница „Дубрава“.

— реклама —

Засега не е познато во каква состојба е осомничениот.

— реклама —

Полицијата е на терен, а во тек се увид и криминалистичко истражување за да се утврдат сите околности на настанот.

Hrvatska-policija

Пукање во Хрватска: полицаец убиен во кафе-бар

Во кафе-бар во Крапина во Хрватска утрово дошло до пукање во кое учествувале две лица, при што најмалку едно лице го загубило животот, пренесуваат хрватските медиуми.Од Полициската управа Крапинско-загорска соопштиле дека маж (52) со огнено оружје усмртил полициски службеник (52), кој во моментот на настанот не бил на должност, пренесува Index.hr.Потоа тој со огнено оружје пукал во себе и со хеликоптер бил пренесен во Клиничката болница „Дубрава“, а степенот на неговите повреди засега не е позна

Свет | пред 4 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3qoo07dtm5e68pKJCaB

Хрватски ресторански критичари го посетија „Македонски мерак“ во Загреб: „Турли тавата е причина да се вратиме“

Патувања | пред 2 дена

— реклама —
evra

Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7 отсто за една година

Балкан | пред 2 дена

media-libraryopbbvkghoaava0Q7SPj

На 65 години почина поранешната хрватска министерка Андреа Златар Вјолиќ

Балкан | пред 5 дена

zagreb

Работниците во јавниот превоз и комуналните служби штрајкуваат во Загреб

Балкан | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања