„Убила ме туџа срамота“, му посочи новинарка на министерот Бујар Османи, присутна на брифингот, откако тој кажуваше дека порано имало повеќе нестручни кадри кои биле конзули и амбасадори отколку сега. Таа го праша и зошто на тајни седници се назначуваат вакви важни кадри. Тој пак, посочи дека ако некоја држава го одбие амбасадорот или конзулот, а тоа се знае, дека ќе биде загрозен неговиот интегритет.
„Дури и предлозите од надвор се квалитетни решенија“, смета Османи откако сакаше презентерка да биде генерален конзул во САД.
„Ако се водите според Законот за надворешни работи, зошто би биле спорни? Проблемот со Ејупи не е дали таа е млада туку дали исполнува услови“, му рече новинарката на Османи а тој одговори: „Широко образложение е што е афирмирана личности, проценка на министерот и Владата е кој ќе ја претстави таа Влада, но нема да го прашаме Милошоски. Имаме право како Влада да одлучиме кој ќе ја претстави државата надвор“.
За да го оправда праќањето презентерка за конзул, Османи кажа дека порано се праќал вработен во фабрика за чоколади
Министерот за надворешни работи Бујар Османи се правда дека неговите кандидати за амбасадори и конзули се добри решенија, а ги критикува кадрите кои претходно ги испраќал Антонијо Милошоски, поранешен министер. Според него, новинарите треба да направат споредба на тие што тој ги упатил и претходните.„Конзул во Солун а потоа и амбасадор бил директно земен од фирма за лекови. Генерален конзул во тој период преземена од детска градинка. Генерален конзул во Торонто со Факултет за физичка култура преземен од Ангеција за млади и спорт. Амбасадор во Загреб имал Факултет за шумарство, а претходно бил управител на старечки дом. Амбасадор во Абу Даби, претходно бил вработен во фабрика за чоколади. Амбасадор во европска земја, претходно исксутво имал придружба на сопруг-амбасадор. Амбасадор во Анкара бил превземен од Македонски пошти“, кажа Османи.За Османи, неоправдано се напаѓа дипломатијата, а откако тој сакаше да прати презентерка за конзул во САД.
Македонија | пред 3 години