Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Убиство во Хрватска: 19-годишен доставувач застрелан додека носел храна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Hrvatska-policija

Во Дрниш, Хрватска синоќа е убиено 19-годишно момче, а полицијата интензивно трага по осомничен 50-годишен маж кој по пукањето избегал.

— реклама —

Според соопштението на полицијата, убиството се случило околу 23:05 часот на тераса од семејна куќа. Осомничениот К.А. со огнено оружје пукал кон 19-годишниот хрватски државјанин, кој починал на местото од здобиените повреди.

— реклама —

Според хрватските медиуми, младиот човек работел како доставувач на храна и токму ја доставил нарачката до осомничениот, по што бил застрелан под сè уште неразјаснети околности.

Полицијата соопшти дека осомничениот и претходно ѝ бил познат на полицијата. Во 2023 година против него била поднесена кривична пријава за недозволено поседување оружје и експлозивни материи.

— реклама —

Хрватските медиуми објавија и дека тој претходно бил осуден за убиство извршено во 90-тите години, за кое добил 12 години затвор и задолжително психијатриско лекување.

— реклама —

Потрагата по осомничениот продолжува, а полицијата ги утврдува сите околности поврзани со убиството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeimfhsi09t6kePr6fOG

Хрватски психијатар за смртта на Периш: Во 21 век сè повеќе ни недостига здрав разум

Балкан | пред 1 час

— реклама —
media-library0dab39acoj3a7tjJLSn

(Видео) Бура и снег создадоа хаос во Хрватска: А1 затворен, на А6 возила заглавени во снег

Настани | пред 2 часа

evra

Просечната нето-плата во Загреб пораснала за 8,1 отсто за една година

Балкан | пред 3 часа

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања