Учениците во Карпош без ужинка поради урбаната мафија, не се носи одлука зошто не им гласаме ДУП, сведочи Вељановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
stevce-jakimovski-robert-veljanovski

Роберт Вељановски, член на Советот на Општина Карпош посочува: „Поради интересите на урбаната мафија, учениците од основните училишта во Карпош останаа без ужинка“.

— реклама —

Тој додава дека со вчерашното напуштање на продолжението на XIV Седница на Советот на општина Карпош, советниците на СДСМ ја официјализирале новата коалиција со градоначалникот на Карпош.

— реклама —

„Им честитаме! Причината за напуштањето на седницата е немањето мнозинство за изгласување на ДУП З 09 или познат како ДУП за Млечен. На донесувањето на овој ДУП остро се спротивставуваат советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Независни за Карпош. За сметка на урбаната мафија, на карпошани им се ускратени одлуки за (ги издвојуваме најважните):

— реклама —

- Субвенционирање на ужинки за учениците во општинските основни училишта на општина Карпош за месеците септември, октомври, ноември и декември а учебната 2022/2023.

- Давање согласност за промена на корисникот на електрични броила од Општина Карпош на основните училишта на територијата на општина Карпош.

- Одобрување на финансиски средства за награди за полуматурантите-првенци на генерација од општинските основни училишта на територијата на општина Карпош за учебната 2021/2022.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ опстојува на предизборните заложби од програмата со која добивме доверба од граѓаните на Карпош!“, напиша Вељановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања