Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Удар на главата е причината за смртта на Боб Сегет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
d7809917f10747e0aee444388727eb2a_md

Глумецот и комичар Боб Сагет (65), кој беше пронајден мртов во хотелска соба во Орландо минатиот месец, починал од траума на главата, откако случајно ја удрил, соопшти неговото семејство.

Сагет најверојатно си го удрил задниот дел на главата и легнал да спие без да размисли за можните последици од ударот, рекле од семејството во изјава за „Ројтерс“.

— реклама —

„Не станува збор за дроги или алкохол или убиство. Додека продолжуваме да тагуваме заедно, бараме од сите да се сетат на љубовта и смеата што Боб ги донесе на овој свет и лекциите на кои нè научи сите нас“, кажале од семејството.

Сегет се прослави како водител на емисијата „Најсмешните американски видеа“, а потоа и со хумористичната серија „Полна куќа“.

— реклама —

За потсетување, актерот бил пронајден мртов во соба во хотелот „Риц-Карлтон“ во Орландо, Флорида. Службениците од канцеларијата на шерифот на округот Оринџ пристигнале по повик од персоналот на хотелот и констатирале смрт на местото на настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања