Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

УГД Штип ќе биде домаќин на престижна летна школа за млади научници и истражувачи од Западен Балкан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryqf9h3vp4m6vr6XHdtzX

Министерство за образование и наука соопшти дека Универзитет „Гоце Делчев“ Штип ќе биде домаќин на престижна летна школа за млади научници и истражувачи од Западен Балкан, организирана под покровителство на Заеднички истражувачки центар на Европската комисија.

Летната школа, со наслов „Наука од европски ранг за заштита на животната средина“, ќе се одржи од 14 до 18 септември, а фокусот ќе биде ставен на проценка на загадувањето на водата, воздухот и почвата.

— реклама —

Министерката Весна Јаневска ги повика младите научници и истражувачи од Македонија, студентите на втор и трет циклус студии, како и надарените студенти на додипломски студии, да се пријават за учество.

— реклама —

„Овој центар е внатрешната научна служба на Европската комисија, која ги обезбедува клучните докази за креирање на европските политики“, истакна Јаневска, додавајќи дека школата претставува можност врвното европско знаење директно да се пренесе во регионот.

— реклама —

Ректорот на УГД, Дејан Мираковски, информираше дека бројот на учесници е ограничен на 25 лица од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Учеството ќе биде бесплатно, а Заедничкиот истражувачки центар ќе обезбеди финансиска поддршка за патување и сместување за првите 10 најдобро рангирани кандидати. Досега се пријавени 32 кандидати, од кои седум се од Македонија.

Ова ќе биде првпат Македонија да биде домаќин на ваква летна школа, која се организира на секои две години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања