Угина последната жирафа во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според информации од извори во Зоолошката, два часа траело спасувањето на жирафата Флопи. Побаравме потврда за овие информации в.д. директорот на институцијата, Зоран Попов, кој не сакаше ниту да потврди, ниту да демантира.
„Не можам сега да разговарам, ќе се слушнеме покасно“, кажа кусо Попов.
Ова е втора трагедија во скопската Зоолошка денеска. Жирафата Флопи угина во ист ден, кога почина нејзиниот ЗОО-негувател, Ристе Трајковски. 12 години се грижеше за трите жирафи.

Флопи е трета жирафа која угинува во скопската Зоолошка градина. Во мај угина жирафата Каспер, за која Факултетот за ветеринарна медицина утврди дека имала салмонела. Одговорност не понесе никој.
Почина ЗОО-негователот Ристе, кој се грижеше за жирафите во скопската Зоолошка градина
Почина скопскиот ЗОО-неговател, Ристе Трајковски. Тој 12 години се грижеше за жирафите во скопската Зоолошка градина, нивната удобност, апетитот, расположението, хигиената, за амбиентот во нивното живеалиште. Ексдиректорот на Зоолошката, Ѓорги Галетановски јавно се прости од него.„Ах бе Ристе прерано, голема трагедија. ЗОО-Скопје изгуби прекрасен работник. Почивај во мир колега“, напиша Галетановски.Трајковски, се грижеше за жирафите во Зоолошката градина од моментот на нивното пристигнување. Од нив, две починаа, остана само Флопи.
Скопје | пред 2 години