„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Угостителите во Скопје до Нова година мора сами да обезбедат контејнери за отпад – градот најави нулта толеранција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
299300548_1509089779544340_5740019662609878792_n

Скопските угостителски објекти до крајот на годината ќе треба самостојно да обезбедат контејнери за одлагање на сметот и да организираат редовно негово собирање. Ова го соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во синоќешното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, каде нагласи дека повеќе нема да има толеранција за непочитување на обврските.

— реклама —

Ѓорѓиевски посочи дека меѓу Градот и угостителите ќе се склучуваат договори со јасно дефинирани задолженија за двете страни, со цел да се стави крај на нерегулираните практики.

Во изјавата што ја повтори во студиото, тој беше недвосмислен:

— реклама —

„Сите тие имаат дејност за која наплаќаат од граѓаните. Од друга страна, граѓаните си плаќаат за уредно да го одлагаат отпадот во контејнери. Не може некој да биде држен во сива зона“, изјави Ѓорѓиевски.

Градот најавува дека контролите ќе се засилат, а угостителите кои нема да се усогласат со новите правила ќе се соочат со санкции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања