„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Угостителските објекти кои немаат летни тераси остануваат забранети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kafic

Угостителските објекти кои немаат летни тераси остануваат забранети оти Комисијата за заштита од заразни болести заклучила дека во нив нема да се почитуваат протоколите за заштита од коонавирусот.

— реклама —

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не се работи на подготовка на протоколи за работа на затворените делови од угостителските објекти токму поради ставот дека внатре нема да се почитуваат препораките за заштита од Ковид-19.

„Има протоколи за одржување различни настани, курсеви, предавања, состаноци и слично. Тука сметаме дека во рамки на таа организација протоколите може да се почитуваат, но нема да се почитуваат за време на веселби и свадби или за време на подолгите работни часови во угостителските објекти во затворените делови. Засега останува препораката да функционираат сите овие објекти само надвор“, рече министерот Филипче.

— реклама —

Со олабавувањето на мерките за заштита од вирусот од вторникот, оваа недела дозволено е организирање свадби, но само на летни тераси кои се отворени од три страни. Дозволена е жива музика, но пејачите не смеат да се движат меѓу гостите и треба да бидат оддалечени пет метри од правата маса. Не е дозволен никаков физички контакт меѓу гостите па забранети се ора, поздравување со ракување, гушкање и бакнување.

На гостите ќе им биде дозволено да играат на подиум на кој треба да има по четири квадратни метри за секое лице.

И влезот на свдбите ќе биде строго по протоколи, односно на гостите со покачена температура нема да им биде дозволено да влезат на веселбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања