„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

УЈП со засилени контроли во градежниот сектор – на удар продажбата на станови, фиктивни цени и непријавени вработувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-36-7300PM

Управата за јавни приходи најави интензивирање на даночните контроли во градежниот сектор, со цел откривање на „ризични состојби“ во работењето на дел од компаниите.

— реклама —

На мета на инспекциите ќе бидат продажбата на станови по истекот на пет години од изградбата, договори со нереално ниски продажни цени, непријавени вработени и ангажмани, големи разлики меѓу реалниот обем на изградба и пријавените приходи, издавање фактури без прибелешки во јавните книги, како и неправилна примена на механизмот за пренос на даночната обврска (reverse charge).

Како дел од Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор, кој стартуваше во јануари годинава, УЈП веќе испрати 318 персонализирани известувања до компании со повик да извршат корекција на одбивката на влезниот ДДВ во случаи кога продажбата се врши по пет години од изградбата.

— реклама —

Законот предвидува дека првиот промет на станови во рок од пет години од изградбата се оданочува со повластена стапка од 5% ДДВ, додека продажбата по тој рок е ослободена од ДДВ, но без право на одбивка на претходно платениот данок.

Од УЈП апелираат градежните компании доброволно да се усогласат со законските прописи за да избегнат казнени мерки и дополнителни контроли, со што, како што нагласуваат, ќе се обезбеди фер конкуренција и заштита на буџетските приходи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања