Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

УЈП суспендираше инспектори поради сомнежи за поврзаност со трагедијата во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ujp

По објавените кои открија блиска комуникација меѓу инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и полициски службеници со сопствениците на дискотеката „Пулс“ во Кочани, од УЈП информираа дека донеле решение за суспензија на вработени лица опфатени со случајот.

— реклама —

„Во тек е внатрешна контрола и проверка на наводите, а суспензијата останува на сила сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба,“ соопштија од УЈП.

— реклама —
— реклама —

Дел од објавените комуникации укажуваат на можни коруптивни дејствија на инспектори и полициски службеници.

— реклама —

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се води предистражна постапка која ги опфаќа УЈП и други институции поврзани со случајот. „Предметот е обемен и се работи на прибирање на докази кои треба да утврдат дали и каква одговорност има службени лица од институциите,“ рече Коцевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања