Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Укината пресудата за Боки 13 и Меѓународен сојуз, потврдена ослободителната за Фросина Ременски - Апелација одлучи по жалбите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_9378.00_00_03_29.Still002

Укината пресудата за „Меѓународен сојуз“, каде обвинет и осуден беше Бојан Јовановски-Боки 13. Апелација одлучи да ја потврди ослободителната пресуда за експратеничката и потпретседател на СДСМ, Фрозина Ташевска-Ременски. Ваквата одкука доаѓа поради суштествени повреди, а по жалбите кои беа поднесени од обвинетите.

„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-153/22, во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“, по одржана јавна седница и разгледување на списите во предметот, пресудата, изјавените жалби, предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, како и усмените наводи изнесени на јавната седница, на 24.01.2024 година, а по извршено советување и гласање на ден 02.02.2024 година, донесе пресуда со којаделумно ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје и на обвинетиот М.J. од С. на начин што пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.49/20 од 07.04.2022 година:

— реклама —

- ја потврди во ослободителниот дел по однос на обвинетите Ф.Т.Р. и Х.Б. двете од С. за кривично дело Измама од член247 став 4 в.в со став 1 и в.в. со член 24 од Кривичниот законик и

- ја преиначи во осудителниот дел - делот на одлуката за кривичната санкција по однос на обвинетиот М.Ј. од С., за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик со што обвинетиот М.Ј. од С. се осудува на казна затвор во траење од 1-една година“, вели Апелација.

Апелација образложува за предметот.

— реклама —

„Истовремено, Апелациониот суд Скопје, со решение ги уважи жалбите на обвинетите Б.Ј., Ј.Е., Х.Б. и обвинетото правно лице М.С., сите од С. и по повод жалбите и по службена должност пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.49/20 од 07.04.2022 годинапод став I од изреката по однос на обвинетиот Б. Ј. од С., за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в. ст.1 и в.в со чл.45 од Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 од Кривичниот законик, обвинетата Ј. Е. од С., за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в. ст.1 и в.в со чл.24 од Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, обвинетата Х. Б. од С., за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, обвинетиот М. Ј. за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик и обвинетото правно лице А.З.Ц.О.С.З.К- М С. од С.– Ц., за кривично дело Измама од чл.247 ст.8 в.в. ст.4 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, ја укина и предметот во тој дел го врати на повторно судење пред првостепениот суд. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, додаде Апелација.

Претходно, Боки 13 пред Апелација укажа дека бара фер судење, а не милост.

— реклама —

IMG_9378.00_00_03_29.Still002

(Видео) Боки 13 за „Меѓународен сојуз“: Барам фер судење, милост не барам

Бојан Јовановски-Боки 13 е дециден дека во случајот „Меѓународен сојуз“ не измамил никого, дека тоа го потврдиле и лицата кои имаат статус на оштетени, а укажа и дека бил предвремено осуден од судијката Софче Гаврилова-Ефремова која сама кажала дека барала изземање поради тоа што имала формирано мислење за обвинетиот. Тој побара да му се суди одново за овој случај, но пред непристрасен суд. Укажа и: „Милост не барам“.„Причините се повеќе од јасни, не постојат елементи за сторено кривично дело. Т

Македонија | пред 2 години

И адвокатот Владимир Туфегџиќ посочи дека доказите и пресудата зборуваат за различни факти.

— реклама —

IMG_9423

Туфекџиќ за Меѓународен сојуз: Никаде во пресудата нема да го најдете она што е важно, суштествено

Доказите и изречената пресуда говорат за различни факти. Ова се елаборираше на денешната јавна седница за случајот „Меѓународен сојуз“. Обвинението според кое Бојан Јовановски-Боки 13 со помош на Фросина Ременски, која е ослободена од вина, влијаел на бизнисмени за тие да вложуваат во проекти на невладината организација е неиздржано, сметаат адвокатите. Адвокатот Владимир Туфегџиќ потенцираше дека најсуштествениот елемент на обвинението е и најнеобразложен.„Никаде во пресудата нема да го најдете

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања