Од 17:00 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Струга – г. п. Ќафасан.
Од 16:20 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот премин Стража.
Од 4:50ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар - Маврово.
Сообраќајот во целата земја се одвива по влажни коловози, а на повисоките места со остатоци од снег по коловозите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.