Промени тема
Контакт

Украден автомобил во Ѓорче Петров, уапсен разбојникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
policija-policaec-35

На 20.04.2022 во 13.30 часот од страна на полициски службеници од ЕВР ОКР Ѓорче Петров од слобода бил лишен Н.А.(31) од Скопје, а на 21.04.2022 против него е поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторени три кривични дела за „одземање на моторно возило“ по чл. 242 и едно кривично дело „кражба“ по чл. 235 од Кривичниот законик.

Имено, на 02.11.2020 во 18.10 часот, во скопски Сарај, Н.А. од Скопје, искористил погоден момент и бесправно одзел патничко возило „мерцедес“, сопственост на М.З.(52) од Скопје. Подоцна, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Сарај, одземеното возило било пронајдено на автопатот Тетово-Скопје, при што било констатирано дека од него се одземени уште неколку предмети.

— реклама —

Исто така, на 15.12.2021 во 16.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. искористил невнимание на Б.Т.(57) од Гостивар и одзел патничко возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а во сопственост на јавно претпријатие. Одземеното возило малку подоцна било пронајдено од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на локалниот пат с.Шишево - с.Грчец. Притоа било констатирано дека од возилото Н.А. одзел повеќе лични предмети.

— реклама —

На 25.01.2022 во 18.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. на ист начин одзел патничко возило на „фолксваген пасат“, сопственост на М.Т.(45) од Скопје, од кое исто така одзел повеќе лични предмети. Возилото било пронајдено од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во место викано „Ниви“, атар во с.Грчец.

— реклама —

Н.А. бил приведен во просториите на Полициска станица Ѓорче Петров, со него е извршен службен разговор, по што е изведен пред Судија на претходна постапка, од кого му е изречена мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

12 возачи завршија во полиција: 11 возеле без положен возачки испит

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library361ic5plrg5k889hIIq

Уапсен прилепчанец: Кај него пронајдена прашкаста материја

Македонија | пред 16 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Возел без возачка дозвола, па завршил во полиција – приведен 41-годишник

Македонија | пред 16 часа

media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Маж од Марино возел со 3,02 промили алкохол, во автомобилот пронајдена воздушна пушка

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања