Промени тема
Контакт

Украдени 40.000 литри „Гинис“ во Британија: Полицијата трага по две приколки полни со пиво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-library27ejcgjadfkl8CkcJjy
Photo by Vitaly Mazur on Unsplash

Полицијата во Велика Британија трага по околу 40.000 литри пиво „Гинис“, откако две приколки полни со популарното темно пиво биле украдени од складиште во близина на Ливерпул.

— реклама —

Кражбата се случила вечерта на 31 август во индустриска зона во Ранкорн, во областа Чешир. Според полицијата, двајца возачи пристигнале на локацијата и ги одвлекле приколките во кои имало околу 800 буриња „Гинис“, наменети за пабови.

— реклама —

Вкупната вредност на украденото пиво е проценета на околу 155.000 долари, додека самите приколки вредат околу 67.000 долари.

„Позната е изреката дека ’Гинис е добар за вас‘, но тоа важи само кога пивото е купено и платено“, изјави детектив-сержантот Гери МекКлачи. Тој додаде дека полицијата ќе продолжи да работи на случајот сè додека целата украдена стока не биде пронајдена.

— реклама —

Кражбата во Велика Британија се случува само неколку недели по сличен случај во САД, каде што од магацин во Јужна Калифорнија биле украдени околу 34.000 лименки „Пабст Блу Рибон“ (PBR), вредни околу 70.000 долари.

— реклама —

Производителот тогаш преку социјалните мрежи на духовит начин му се обратил на крадецот и понудил награда од 20.000 долари за информации што би помогнале во пронаоѓањето на украденото пиво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjhhmm7b5t706es7AbsM

Цената на пивото на Октоберфест пет пати повисока од 1985 година

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
pivo-1

Австријците се откажуваат од пивото: потрошувачката паднала за 25 отсто

Трендови | пред 2 месеци

stojance-angelov-1

„Стојанче ќе им плаќа по пиво, тие ќе јавуваат за пожари – нов модел за заштита и спасување”

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања