Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Украина призна: Непријателот постигнува тактички успеси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Украинската армија денеска призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков.

— реклама —

Руските сили се обидуваат да се пробијат во тој регион, што предизвика тревога во Киев и кај западните сојузници за потенцијална голема офанзива врз градот Харков, вториот по големина во Украина, кој се наоѓа на само триесет километри од руската граница. „Непријателот моментално постигнува тактички успеси“, објави украинскиот Генералштаб во понеделник наутро.

— реклама —

По освојувањето на неколку села во областа Харков, во моментов се водат борби во близина на градот Вовчанск, кој се наоѓа на само пет километри од руската граница, пишува dpa.

— реклама —

Украина тврди дека Русија трпи големи загуби, но дека и покрај тоа испраќа бројни сили во Вовчанск, кон кој се движат пет баталјони. Русија веќе го окупираше Вовчанск на почетокот на војната.

Русија започна уште еден пробив кон регионот Харков на 10 мај. Во последните два дена освоила девет села, тврди руското Министерство за одбрана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Руски дизел тргна кон Њујорк: Танкер со 40.000 тони гориво отплови по договор меѓу Путин и Трамп

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин најавува преговори за мир, но тврди дека украинските територии се руски

Свет | пред 1 ден

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Свет | пред 2 дена

kremlj-moskva

Кремљ: На Русија ѝ е потребен траен мир со Украина, а не привремено примирје

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања