Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украина: ‘Размерите на руските лаги се неверојатни’ – Се водат борби околу Купјанск“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-librarysife146nvhir2ATzNGt

Украинските сили и натаму ги бранат позициите во североисточниот град Купјанск, и покрај тврдењата на Москва дека руска контрола е целосно воспоставена. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека градот е „повторно во рацете на Москва“, а за време на посетата на Киргистан повторно рече дека Купјанск е „целосно под руска контрола“.

— реклама —

Врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, остро ги демантираше ваквите тврдења. Тој по посетата на регионот Харков порача дека украинските војници секојдневно изведуваат одбранбени, извидувачки и ударни акции, со цел стабилизација на состојбата во градот.

— реклама —

„Размерите на лагите на руското раководство за ситуацијата во Купјанск се неверојатни“, напиша Сирски на Телеграм, нагласувајќи дека украинските сили држат одредени линии и го засилуваат огнениот притисок со цел да ги блокираат руските линии за снабдување.

— реклама —

Купјанск првично беше окупиран од руската инвазија во 2022 година, но Украина го поврати контролата истата година во рамки на една од најуспешните контраофанзиви. Денешните тврдења на Москва доаѓаат во време на зголемен дипломатски притисок за надминување на конфликтот, вклучувајќи го и новиот американски мировен предлог, во кој сега се вклучени и европски сојузници.

Покрај Купјанск, руските сили се насочени и кон Покровск, важен логистички центар во Донецк. Путин тврдеше дека руската армија контролира 70 проценти од градот, познат по своето поранешно советско име Красноармејск. Руското Министерство за одбрана во петокот соопшти дека нивните сили зазеле два крајни реони од Покровск, иако украинските извори не го потврдуваат тоа.

Состојбата на терен останува променлива, а двата града и понатаму се во центарот на интензивни борби за контрола врз источниот фронт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycotrkdlsoidr1imd1cr

Најмалку 13 загинати во руски напад врз железнички перон во Украина

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library3b1ehvm9660rd5i4hA6

Русија тврди дека 613 дронови се упатиле кон Москва во текот на ноќта

Свет | пред 1 ден

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 2 дена

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања