„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Украина со дупка од 13 милијарди евра во буџетот – Европа под притисок да помогне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-24-at-11.16.09

Неделата на дипломатија во Њујорк, како што ја нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски, се одвива во полн ек на маргините на Генералното собрание на ОН. Една од клучните теми е буџетскиот дефицит на Украина за следната година, кој изнесува повеќе од 13 милијарди евра.

— реклама —

„Подготвуваме нови долгорочни чекори за финансиската стабилност на Украина“, изјави Зеленски, додавајќи дека решение се бара во замрзнатиот имот на Запад, која би можела посилно да се искористи за одбрана и обнова на земјата.

САД, кои досега беа најважен партнер, значително ја намалија финансиската поддршка, што ја става Европа под притисок да преземе поголем дел од товарот. Најголемиот дел од украинскиот буџет е наменет за одбраната, која дневно чини над 140 милиони евра. Истовремено, планиран е раст на социјалните расходи, особено во образованието и здравството.

Министерот за финансии Сергеј Марченко објасни дека приоритет ќе имаат регионите блиску до фронтот.

— реклама —

„Се работи за засолништа во училиштата, дури и во големите градови кои се под ризик. Тие мора да бидат опремени за да се овозможи настава и нормално функционирање на училиштата“, рече тој.

Во парламентот имаше и критики. Пратеникот Дмитро Разумков оцени дека буџетот е „недоволно јасно пресметан“ и предупреди на последици веќе следната година. Финансискиот аналитичар Хлиб Вишлински, пак, го обвини за популизам и посочи дека трошоците за пензии и плати на наставници и медицинари веќе долго време се покриваат од западни партнери.

Во Украина веќе преовладува ставот дека САД повеќе не се сигурен партнер, а евентуалната поддршка од администрацијата на Трамп се гледа само како бонус, на кој не треба да се смета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања