Промени тема
Контакт

Украински пратеник за изјавите на Трамп: „Преживеавме многу војни, па ќе ја преживееме и оваа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-02-19-at-18.11.52

Јулија Сирко-Клименко, член на украинскиот парламент, изјави за Скај њуз дека Украина се плаши од претстојните мировни преговори во Саудиска Арабија, опишувајќи ја нејзината земја како „линија на фронтот за Европа“.

Украинска делегација утре во Ријад ќе се сретне со американската делегација за да разговара за потенцијалниот мировен договор со кој би се ставила крај на војната во Украина. Сирко-Клименко изрази надеж дека Вашингтон потоа повторно ќе почне да споделува разузнавачки информации и нагласи дека ова е најтешкиот удар што го претрпеа Украинците минатата недела.

— реклама —

- Можеме да преживееме извесно време без американско оружје, но не можеме без разузнавање. Ни требаат за противвоздушна одбрана. Ни служи за заштита на цивилите, а не на фронтот. Се надеваме дека повторно ќе имаме разузнавачки информации и тоа ќе биде главна точка на дискусија во Саудиска Арабија.

— реклама —

Таа ги коментираше и изјавите на Доналд Трамп, кој на Фокс њуз рече дека „Украина можеби нема да преживее дури и со помош на САД“.

— реклама —

- Нашата земја преживеа многу војни, така што ќе ја преживееме и оваа. Проблемот е колку животи, невини цивилни животи ќе изгубиме. Тоа е главното прашање. Никој нема да престане да се бори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Партијата на Путин со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Свет | пред 10 минути

— реклама —
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 13 часа

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 13 часа

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања