Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Украсувањето на Скопје чини 53 илјади евра: Кој ја доби новогодишната декорација на плоштадот и булеварите во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Скопје
nova-godina-skopje

Фирмата „Линк Медиа Плус ДООЕЛ“ од Скопје е избрана да го изведе новогодишното украсување на главниот град, откако како единствен понудувач го доби тендерот распишан од Град Скопје. Вредноста на договорот изнесува 3.260.000 денари, а компанијата најпрво треба да достави банкарска гаранција за извршување, по што ќе биде потпишан договорот и ќе започне поставувањето на декорациите.

Истата фирма годинава ги доби и тендерите за украсување во скопската Општина Центар и во Општина Штип. Според системот за јавни набавки, „Линк Медиа Плус“ работела и на одржување службени возила на Управата за финансиска полиција, услуги за миење улици, како и набавки на корпи за отпадоци. Во 2023 година таа ја изведуваше празничната декорација во Кавадарци, Чаир и во скопскиот Трговски центар.

— реклама —

Што точно ќе биде поставено?

Според тендерската спецификација, фирмата треба да постави новогодишни и светлосни елементи на повеќе локации низ Скопје. Најголем дел од декорацијата ќе биде на плоштадот „Македонија“, каде што ќе се постави:

— реклама —

– Светлосна фигура „подарок“ од минимум 4 метри должина и 3 метри висина (3 парчиња)
– Новогодишна елка висока најмалку 13 метри, со метална конструкција, вештачко зеленило, украси и светилки
– 3Д фигура „мече“ висока 4 метри
– Големи алуминиумски светлосни ѕвезди во две димензии
– 3Д рамка за фотографирање во форма на Дедо Мраз
– „Ѕвездено небо“ со минимум 800 м² лед-мразулци
– Светлосна обвивка на канделабрите (25 столбови)

Покрај централниот плоштад, ќе се украсуваат и главните скопски улици и булевари: „Даме Груев“, „Димитрија Чуповски“, „11 Октомври“, булеварите „ВМРО“, „Гоце Делчев“, „Партизански Одреди“, како и улицата „Филип Втори Македонски“. На овие локации ќе се поставуваат висечки светлосни елементи, лед-фигури, мразулци и декоративни конструкции.

— реклама —

Пред Владата, пак, ќе бидат инсталирани 40 светлосни елементи од типот што се предвидени и за другите булевари.

Проектот, според документацијата, се изведува во целост од фирмата, која треба да обезбеди и демонтажа по завршувањето на празничниот период.

Градот Скопје се уште не соопшти кога точно ќе започне поставувањето на украсите, но според договорните рокови тоа треба да уследи веднаш по формалното потпишување на договорот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 1 седмица

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-library6pfv0i87ni0ncRn4li1

Скопје девет дена ќе биде европски центар на танцот - Започна IDO European Dance Championship 2026

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања