Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Улицата „Есенинова“ е проект започнат од Шилегов, а сега заборавен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
6-1-1

Данела Арсовска потроши три месеци од мандатот без да реализира свои проекти, но и наследени проекти кои се во поодмината фаза, вели СДСМ.

— реклама —

„Еден од нив е улицата „Есенинова“ проект започнат од претходниот градоначалник, а сега заборавен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Овој проект е исклучително важен за граѓаните на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар затоа што со оваа сообраќајна траса се поврзуваат булеварите „Борис Трајковски„ и „Трета Македонска Бригада“.

— реклама —

Изградбата на оваа улица ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот, но и ќе го намали времето за патување меѓу овие две општини.

За жал, како се што е од интерес на граѓаните и оваа улица не ја интересира градоначалничката Арсовска.

Оваа изградба требаше одамна да биде завршена, како и другите реконструкции на важни улици започнати од претходниот градоначалник.

Но, Арсовска наместо да довршува наследени проекти и да реализира свои, се посветува само на нивелирање шахти и партизација на администрацијата.

Арсовска и сите други градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ знаат да работат само на штета на граѓаните и за лични и партиски интереси“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања