Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Улицата Никола Карев пуштена во сообраќај со нов простор за велосипедистите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Екипите на Град Скопје деновиве ја завршија реконструкцијата на коловозот на улица Никола Карев кај Железничка станица.

— реклама —

Реконструкцијата на потегот од крстосницата со булевар Кузман Јосифовски Питу до крстосницата  со булевар 3-та Македонска Бригада, опфати целосна обнова на асфалтот на улицата, во должина од 510 метри, направена е нивелација на сливниците и атмосферските шахти, како и замена на оштетените рабници. Во тек е целосната репарација на тротоарите.

— реклама —

На улицата Никола Карев од четирите постојни сообраќајни ленти сега се направени три со што е обезбеден простор за велосипедистите.

— реклама —

Со пробивањето на улицата Есенинова, реконструкцијата на оваа сообраќајница, па преку улицата Беласица, Град Скопје прави поврзување на трите општини Кисела Вода, Центар и Гази Баба, а патувањето на возилата од булевар Борис Трајковски до клучката Континентал се очекува да биде скратено за повеќе од 10 минути.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања