Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Улиците преплавени со радари: МВР ја започна акцијата за маратонско ловење на брзи возачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryqp90gohq9fuv9KHmEZa

Од 13 до 19 април низ државата ќе се спроведуваат засилени радарски контроли на брзината, како дел од европската акциска операција на Мрежата на сообраќајни полиции – РОАДПОЛ. Министерството за внатрешни работи најави и 24-часовен „радарски маратон“ кој ќе започне вечерва на полноќ.

— реклама —

Како што информираат од МВР, македонската сообраќајна полиција се приклучува на европската акција насочена кон контрола на брзото возење, при што ќе има засилени активности на терен во текот на целата недела.

„Од 13 до 19 април стартува европската акциска контрола на брзина на патиштата. Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции – РОАДПОЛ се приклучува на акциската контрола со зголемени контроли за возење над дозволената брзина“, соопштија од Министерството.

— реклама —

Посебен акцент ќе биде 24-часовниот „маратон на брзина“, кој ќе се реализира од среда (15 април) во 00:00 часот до четврток (16 април) во 00:00 часот, со непрекинати контроли на целата територија на државата.

— реклама —

Од МВР посочуваат дека дел од локациите на контролите се однапред познати за возачите, со цел да се зајакне превентивниот ефект.

„Целта не е казнување, туку безбеден сообраќај. Целта е движење во рамки на пропишаните брзини, сообраќај кој спасува животи“, велат од Министерството.

— реклама —

РОАДПОЛ маратонот претставува заедничка акција на европските сообраќајни полиции која истовремено се спроведува на сите патишта низ Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 8 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања