Денеска ќе биде умерено до значително облачно. Попладне во западните делови, а до крајот на денот насекаде облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.
Во Скопје значително облачно, а во текот на попладнето облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени