Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

УНЕСКО ги објави „Насоките за инклузивно медиумско известување за Ковид-19“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

УНЕСКО ги објави „Насоките за инклузивно медиумско известување за Ковид-19“ на авторката Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија.

Целта на Насоките е  се надгради постоечката етичка рамка во врска со медиумското известување за немнозинските групи, но и да им се помогне на новинарите повеќе и соодветно да ги застапуваат во медиумите. „Во текот на пандемијата , за жал, бевме сведоци на тоа како различноста сè повеќе се користи како основа за виктимизација, ширење лажни обвинувања, теории на заговор и говор на омраза кон немнозинските заедници. Оттука, медиумите мора да имаат многу поактивна улога во поттикнувањето разбирање и прифаќање на различноста меѓу луѓето. Инклузивното известување може да ги спречи овие деструктивни појави“, вели во интервју за УНЕСКО Марина Тунева. Анализите, додава Тунева, покажуваат дека недоволната застапеност и стереотипното претставување на немнозинските групи во општеството не е само карактерично за Македонија или регионот, туку и за Европа и пошироко.

— реклама —

— реклама —

Препораките во овие Насоки се во согласност со веќе постоечките професионални стандарди и практики во новинарството и претставуваат дополнување на одредбите во однос на инклузијата на различностите во медиумското известување. Насоките се подготвени како резултат на консултациите со советите за етика во Западна Европа и во регионот на Југоисточна Европа, анализа на документи  на професионални новинарски и медиумски организации, како и врз основа на интервјуа со медиумски стручњаци, професори и претставници на граѓански организации коишто работат на заштита на човековите права на ранливите групи.

— реклама —

Насоките се подготвени во рамки на проектот на УНЕСКО финансиран од ЕУ „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа – фаза 2“.

Тие се, пред сè, наменети за новинари, студенти, едукатори и активисти, како и за раководството на медиумите. Освен тоа, Насоките претставуваат поддршка за различни актери кои што работат во хуманитарен контекст, за да се адресираат потребите на ранливите и маргинализираните поединци и групи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања