Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

УНЕСКО го отстрани Стариот град на Виена од Листата на светско наследство во опасност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-library76qm4kp48dks5Qrm6u8
фото: unsplash

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесе одлука да го отстрани Стариот град на Виена од Листата на светско наследство во опасност. Одлуката беше усвоена на седницата што се одржа во јужнокорејскиот град Бусан.

Историското јадро на австриската престолнина беше ставено на оваа листа во 2017 година поради контроверзните планови за изградба на висококатница, за која УНЕСКО оцени дека би можела да го наруши историскиот изглед на градот.

— реклама —

Во меѓувреме, проектот беше изменет, а височината на планираната зграда беше намалена од 73 на помалку од 50 метри. Ревидираниот проект сè уште треба да помине постапка за процена на влијанието врз животната средина.

Стариот град на Виена е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО од 2001 година поради неговата исклучителна урбана и архитектонска вредност, која опфаќа градби од средниот век, барокот, како и од крајот на 19. и почетокот на 20. век.

— реклама —

Со најновата одлука, на Листата на светско наследство во опасност остануваат 58 локалитети ширум светот, од кои најголем дел се загрозени поради вооружени конфликти, природни катастрофи и климатските промени.

— реклама —

Одлуката за Виена доаѓа во период кога Охридскиот Регион и натаму останува под засилен мониторинг на УНЕСКО. Организацијата неодамна ѝ даде дополнителен рок на Македонија за спроведување на мерките за заштита на природното и културното наследство, а предупредувањата за дивоградбите и понатаму остануваат едно од клучните прашања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1j10m1bb6b0hcRdo6zf

Сиљановска на средба со претставници на УНЕСКО: Заштитата на Охридскиот регион е прашање што ги надминува границите

Македонија | пред 1 месец

media-librarycc773iu2qt3f5AdCrRJ

Пецаков: Охрид бил и ќе остане светски, започнуваме нова ера на засилена грижа

Охрид | пред 5 месеци

media-libraryqsrf3nak5oa20XMhDDI

Владата уверува во Париз: Македонија останува посветена на заштитата на Охридскиот Регион

Охрид | пред 5 месеци

IMG_3421

Охридскиот Регион на дневен ред: Владина делегација на средби во Париз со УНЕСКО

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања