Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Унгарскиот премиер Петер Маѓар најавува побрзи кривични постапки: „Неприфатливо е предмети да траат 5 до 10 години“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryivvmaj7g2c9fcuyqGQf

Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави заострување на правилата во кривичната постапка, скратување на роковите и зајакнување на судовите и истражните органи.

Маѓар е лидер на централно-десничарската партија Тиса и актуелен премиер на Унгарија, откако неговата партија победи на парламентарните избори во април 2026 година и стави крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан.

— реклама —

Неговата влада од доаѓањето на власт најавува поширока реформа на институциите, борба против корупцијата и преиспитување на дел од системот изграден во времето на Орбан. Меѓу чекорите веќе се и промени во врвот на државните институции, како и проверки на договори склучувани од претходната власт.

Во таа рамка, Маѓар сега го отвора и прашањето за ефикасноста на кривичните постапки.

— реклама —

„Доаѓа заострување на прописите за кривичната постапка, скратување на процесните рокови и зајакнување на судовите и истражните органи“, напиша тој.

— реклама —

Маѓар оцени дека е неприфатливо поединечни кривични предмети да траат со години.

„Неприфатливо и недозволиво е завршувањето на некои кривични предмети да трае 5 до 10 години. Ќе забрзаме. И во ова“, порача унгарскиот премиер.

— реклама —

Во објавата тој не наведе конкретни законски измени, точни рокови или датум кога реформата би била поднесена во парламентот.

Најавата, сепак, се вклопува во пошироката политика на неговата влада за промени во институциите и за демонтирање на дел од системот воспоставен во времето на Орбан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Унгарија трипати крена борбени авиони по дојави за бомби во патнички летови

Свет | пред 4 дена

— реклама —
lgbti

Голема промена во Унгарија: Парламентот ги укина спорните ограничувања за ЛГБТ+ содржините

Свет | пред 4 седмици

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар смета дека децата подобро е да растат со истополови родители отколку во домови

Свет | пред 4 седмици

arheolozi-678x381-1

По две илјади години откриена мала фигурина на римската божица Венера во Унгарија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања