Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Унгарските и бугарските власти најдоа решение за плаќање на гас од Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
793404-sijarto-eu-da-se-fokusira-na-zapirane-na-migracijata-i-rabotni-mesta-za-evropskite-gragani

Унгарските и бугарските власти најдоа решение за плаќање на гас од Русија, кое не подлежи на санкции од Запад против руската Гаспромбанк, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

— реклама —

„Овој проблем е решен, најдено е законско финансиско решение кое ги задоволува и бугарските партнери и нашата страна, а во исто време не потпаѓа под санкциите“, вели Сијарто во својата видео порака на Фејсбук, без да прецизира детали.

— реклама —

Унгарскиот министер потсети дека земјата добива руски гас преку гасоводот Турски тек кој минува низ Бугарија и Србија.

— реклама —

Најголем дел од гасот што Унгарија го троши доаѓа од Русија, а годинава обемот на испораките надмина седум милијарди кубни метри, пренесува Комерсант.

— реклама —

На 21 ноември, американското Министерство за финансии воведе санкции за Газпромбанк преку кои земјите вршат плаќања за рускиот гас, со што се комплицираа тие трансакции.

Бугарскиот министер за енергетика Владимир Малинов оваа недела предупреди дека неговата земја би можела да го прекине транзитот на руски гас за Србија преку гасоводот Турски тек почнувајќи од новата година, доколку Гаспром не обезбеди плаќања кои се во согласност со американските санкции против Газпромбанк, објави бугарска Новинита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања