Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

„Уривањето на куќата на Владо Малески во Струга е удар врз македонската култура“: За СДСМ одговрони се Љутков и власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryfua31kk201ubaiNJD2N

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) реагира дека бруталното рушење на домот на писателот Владо Малески во Струга не е изолиран инцидент, туку резултат на „системска незаинтересираност, институционална парализа и политичка неодговорност“ на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата се наведува дека Управата за заштита на културното наследство, која има обврска по службена должност да реагира и превенира вакви уништувања, молчи и не презема ништо. „Дали затоа што рушителите се блиски до власта? Или затоа што институциите се ставени во служба на политичките и бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ и нивната тајна коалиција со ДУИ?“, прашуваат од СДСМ.

Според партијата, министерот за култура, Зоран Љутков, наместо да го брани културното наследство, се занимава со партиска кампања и самопромоција. „Во време кога се брише споменик на македонската културна меморија, Љутков не излезе со ниту едно јавно соопштение, ниту најави конкретна постапка. Тоа е срам за институцијата Министерство за култура,“ стои во реакцијата.

— реклама —

СДСМ потсетува дека Владо Малески не е само име од учебник, туку автор на текстот на македонската химна и дел од државноста и културниот идентитет. „Рушењето на неговиот дом е удар врз македонската култура, меморија и достоинство,“ се наведува во соопштението.

Партијата бара итна и целосна истрага за случајот, одговорност од Управата за заштита на културното наследство, оставка од министерот Љутков поради неделување и итна реставрација и заштита на објектите со историско и културно значење во Струга.

— реклама —

„Ова што се случува не е само правен, туку цивилизациски пад. Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема визија, ниту почит кон сопствената држава и нејзините симболи,“ порача СДСМ.

— реклама —

Од партијата додаваат дека, заедно со граѓаните на Струга и со целата културна јавност, ќе се борат „овој срам да не остане неказнет“.

„Никој нема право да ја руши историјата на Македонија,“ завршува реакцијата на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp3d0u4fehc2raPK0ffr

Приведен стружанец, агресивно се однесувал кон татко му и ја оштетил покуќнината

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryb8690ip8obc52F8KSeZ

„Што сакаат и за петлите наутро да наплатат?“, Сопственик на апартмани од Струга реагира по фактура од ЗАМП од 16.650 денари

Македонија | пред 2 месеци

media-library5qlrqriqfq0f4W5sFCf

(Видео) Музичка вечер на Црн Дрим во организација на „Соларис“ и Europe House

Македонија | пред 2 месеци

media-library4hqjpfoood1063GLOnJ

МВР со кривична пријава за градоначалникот на Струга, спорно именување директор

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања