Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Урсула фон дер Лајен: Македонија и Албанија ќе започнат со преговори за ЕУ кога ќе ги исполнат критериумите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mkd-429029

Урсула фон дер Лајен, во првото интервју како претседателка на Европската Комисија, ги потврди заложбите за европската перспектива на Македонија и Албанија.

— реклама —

-Тие се наши соседи, вели Фон дер Лајен во интервју за германскиот магазин „Шпигел“.

Претседателката на ЕК вели дека ќе се залага за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, веднаш откако ќе се оцени дека овие две држави ги исполниле критериумите, пренесува „Дојче веле“.

— реклама —

Фон дер Лајен во вторникот беше избрана за прва жена во историјата на чело на Европската Комисија. Во текот на кампањата во која ги убедуваше европратениците во Европскиот Парламент да гласаат за неа, таа во неколку наврати во своите приоритети ги наведуваше и преговорите со двете западнобалкански држави, а во првото интервју тоа и го потврдува.

– Треба да отвориме преговори со тие земји веднаш откако Европскиот совет ќе донесе заклучок дека се исполнети критериумите. Треба да ја оставиме испружена раката кон овие земји. Го делиме истиот континент, истата историја, ние сме соседи. Доколку на овој регион му ја затвориме вратата, си предизвикуваме штета себеси, рече Фон дер Лајен во интервјуто за „Шпигел“.

Фон дер Лајен треба да ја преземе новата функција на 1 ноември годинава.

Пред десетина дена, пред претставувањето пред политичките фракции во Европскиот Парламент, Фон дер Лајен ја пофали Северна Македонија како светол пример. – Западниот Балкан мора да се сфати посериозно, а Северна Македонија е светол пример за позитивни постигнувања, рече тогаш таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања