Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Усеини: Мојот ресторан не е проблем за УНЕСКО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_0002.01_00_59_04.Still009

Советникот во Општина Охрид од ДУИ, Нефи Усеини, кој е сопственик на дивоградбата кај Чинарот, денеска преку соопштение до медиумите се пожали дека е под постојан медиумски притисок поврзан со неговото работење и работењето на неговите компании.

— реклама —

Тој тврди дека има уредна документација за пицеријата Луна и побара од медиумите да се почитува пресумцијата на невиност, додека општината не се произнесе за случајот, иако веќе има решение за уривање од општина Охрид.

-Прво сакам да Ви кажам дека компанијата „Нефи ИК“ во чиј склоп е и ресторанот Луна е компанија која постои повеќе од 10 години и вработува повеќе од 200 вработени и која што уредно ги плаќа обврските и давачките кон  Македонија.

— реклама —

Компанија, која е социјално одговорна и помага на многу загрозени семејства, но и компанија која го поттикнува спортот и екологијата. Затоа и ме чуди целата оваа хајка кон мене, започната од одредени медиуми, а продолжена од политичките партии, за локација за која што уредно имам поднесена и заверена документација во градот Охрид и за која што навремено ги подмирувам обврските кон градот, за закуп на летна тераса и сум закупец веќе 11 години.

Реновирањето на летната тераса на ресторанот Луна беше со изработен елаборат кој што се држеше до квадратурата, за која што се плаќа закупнина и која што никако не го нарушила зеленилото или естетскиот изглед на плоштадот Крушевска Република и е во согласност со градот Охрид.

Сметам дека е крајно некоректно да се користи името на мојот ресторан како дел од проблемите на градот Охрид со УНЕСКО и ја поттикнувам иницијативата на премиерот Заев, дека законот мора да важи за сите. Затоа и апелирам до медиумите да ја задржиме презумцијата на невиност се додека градот Охрид не одговори по дадениов случај. Крајно е некоректно да се спроведува ваква хајка против компанија која што долги години работи за подобрување на условите за живот во Охрид, за унапредувањето на бизнисот и на туризмот во овој крај, а јас како советник секогаш сум се залагал и сум ги застапувал интересите за подобар живот на сите мои сограѓани. Уште еднаш Ви се извинувам ако сум навредил некој медиум или не сум бил секогаш достапен, но сепак во светот на бизнисот , не секогаш го имаме луксузот на време и комоција на достапност, вели советникот во писмото испратено до медиумите.

Тој ги повика новинарите да ја посетат пицеријата каде ќе им одговори на сите прашања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања