Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Усеини нема да може да урива дивоградби бидејќи е советник, пресече Антикорупциска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nefi1

Во врска со објавениот тендер од страна на Општина Охрид за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите во Охрид, каде меѓу двете фирми кои доставиле понуди на тендерот е и фирмата во сопственост на членот на советот на Општина Охрид,  Нефи Усеини,  кој е сопственик и на пицеријата – дивоградба кај Чинарот во Охрид, Државната комисија за спречување на корупцијата, го издаде следново соопштение:

— реклама —

 „Државната комисија за спречување на корупцијата смета за потребно да укаже  на ограничувањата кои се однесуваат на службените лица во соработка со правни лица, што се во нивна сопственост или во сопственост на нивни блиски лица, а во насока да превенира потенцијален судир на интереси што ќе настане доколку не се почитуваат тие ограничувања.

Ова од причини што, во член 51 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси е предвидено следното:

— реклама —

Службено лице во вршењето на својата функција, јавни овластувања или должности не може да воспостави деловни односи со правно лице кое е во негова сопственост или во сопственост на член на неговото семејство или во кое тој или член на неговото семејство поседува акции или удели или кое го основал тој или член на неговото семејство или во кое одговорното лице е член на неговото семејство“.

Имено,  фирма што е во сопственост на лицето Нефи Усеини, или во сопственост на негови блиски лица, не може да воспостави деловни односи со Општина Охрид, каде истото лице е член на совет. Доколку, службеното лице постапи спротивно на овој член, на склучениот договор се применуваат одредбите за ништовност на договорот од Законот за облигационите односи“, се вели во соопштението од државната комисија за спречување корупција.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања