Промени тема
Контакт

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти на Клиниката за ортопедија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryiupqtd73kocf5PcmRSu

На Клиниката за ортопедија се реализирани две комплексни и медицински значајни трансплантации на коска од починат донор.

Првата операција се одвила кај 14-годишно девојче со вродена деформација на стапалата. Зафатот го изврши тим предводен од науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска. Во интервенцијата учествуваа и д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиолог д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарка Гордана Захариева, инструментарки Билјана Тројановиќ и Сузана Пејчиновска, радиолошки техничар Крешник Шеху и болничарката Ирена Галевска.

— реклама —
— реклама —

Вториот зафат бил изведен кај 13-годишно момче со повторно појавен деформитет на стапалото. Операцијата протекла успешно, а пациентот е во стабилна состојба и го очекува рехабилитација. Тимот го водел проф. д-р Зоран Божиновски, заедно со анестезиолог д-р Ивана Крстевска Трпковска и асистентите д-р Теодора Божиновска и Искра Шојлеска Јовановска. Во процесот биле вклучени и средно-медицинските работници: Злата Апостолоска, Кристина Реџеп, Ширете Муртезани, Крешник Шеху и Снежана Тодоровска.

— реклама —

Клиниката изразува посебна благодарност до сите здравствени професионалци за нивната извонредна работа, како и до семејствата на донорите за нивниот несебичен и хуман чин, кој овозможи двата млади пациенти да добијат подобра здравствена перспектива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ortopedija

Клиниката за ортопедија ги помести границите - хирурзите изведоа најсложена трансплантација досега!

Македонија | пред 1 година

— реклама —
operacija-1

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор - извршена уште една трансплантација на хируршките клиники

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања