Сите рудари извлечени на сигурно. Заврши акцијата за извлекување на 100 те рудари во рудникот „Стари трг“ во близината на Трепча, кои поради дефект на електричната мрежа, останаа заробени на некои 700 метри под површината.
Приштинските медиуми објавуаат дека животот на рударите не бил во опасност, затоа што рудникот има природна вентилација. Нема повредени, а инцидентот настана по експлозија на трансформатор, јавува „Коха“.
Иаку 100 тина рудари беа заробени на осмото, деветото и десетото ниво неколку часа пред да излезат на безбедно.