Уставни измени под вакви услови како што сака власта на Ковачевски на сила да ги турка, нема да има, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
ustav-1

Уставни измени под вакви услови како што сака власта на Ковачевски на сила да ги турка, нема да има. Јасно е дека во парламентот нема 80 пратеници кои ќе гласаат измени на Устав под бугарски диктат, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Затоа и нервозата кај Ковачевски и СДС станува толку голема, особено после лидерската средба. На виделина излезе дека тие не се заинтересирани да се заштитат националните и државните интереси, туку ги интересира само слепо спроведување на бугарскиот диктат. Затоа лажат, измислуваат, манипулираат, тргуваат со што ќе им текне и што ли уште не.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ им даде два конкретни предлози, за кои тие се немаат произнесено со конкретен одговор. Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и имаат за цел да ја извадат државата од евроинтегративниот ќорсокак и да го заштитат вековниот македонски идентитет.

— реклама —

Македонија и граѓаните заслужиле за сите жртви кои ги дале сиве овие години, да ги водат пристапните преговори под критериумите кои важеле за сите други земји.

Молкот на СДС и Ковачевски покажува дека не сакаат фер шанса за својот народ и не сакаат да ги заштитат националните и државните интереси.

Доколку СДС ги одбие предлозите на ВМРО-ДПМНЕ тогаш постои сериозен сомнеж дека се подготвени во процесот на преговори да прават нови национални предавства, нови отстапки кон барањата на Бугарија и да го срозат македонскиот идентитет во целост.

Ковачевски и СДС со својот молк покажаа дека не можат да носат одлуки сами, туку се во целосно заложништво на ДУИ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања